Слатко-лути пилешки пакетчиња

Состојки:

4 пилешки шницли

200 гр. компири

200 гр. моркови

80 гр. кромид

4 лажички мед

4 лажички маслиново масло

4 прстофати мелен лут црвен пипер

оригано

сол

црн пипер

 

Количина: за 4 лица

Подготвуваме 4 поголеми парчиња хартија за печење. Зеленчукот го сечкаме, го посолуваме и врз него истураме малку маслиново масло и го ставаме на средината на хартијата за печење.

Пилешките шницли (со дебелина од околу 1 цм) ги посолуваме и ги посипуваме со црн пипер, ги премачкуваме со мед и ги зачинуваме со прстофат лут црвен пипер, оригано и една лажица маслиново масло. По една шницла ставаме врз подготвениот зеленчук, рабовите на хартијата ги свиткуваме заедно ги врзуваме со конец за печење, за да не се отвори пакетчето. Пакетчињата ги печеме на 200 °C околу 30 минути. 

Како ги послужуваме?

Пакетчињата ги послужуваме на чинија или даска и ги отвораме пред да почнеме да јадеме.

 

Бојан Станимировиќ, готавч и блогер @prokuvaj, Србија