Солени бисквити како додаток во супа

Состојки:

200 гр. путер

12 јајца

6 лажици павлака

220 гр. брашно

сол

Путерот и жолчките пенесто ги матиме, ја додаваме солта, павлаката, цврстиот снег од белки и брашното. Смесата ја тураме во тавче и печеме на 200 °C да добие златно жолта боја. Кога бисквитите ќе бидат готови, ги сечеме на ромбови (или друга форма – можеме да користиме калапи за колачи) и ги додаваме во супата, а останатата количина може и да ја замрзнеме.

 

Бригита Селиншек, според книгата Словенечки готвач, С.М. Фелицита Калиншек, 1972