Увијачи од пилешко филе

Состојки:

600 гр. пилешко филе

70 гр. средина од леб

2 дл млеко

1–2 чешниња лук

1–2 лажички лут сенф

1–2 лажички обичен сенф

Поли Хеми на парчиња

кашкавал на парчиња (или друго тврдо сирење)

сол

црн пипер

магдонос или власец

рузмарин, жалфија или слични средоземни зачини

 

сончогледово масло за садот за печење

Количина: за 4 лица

 

Филето го сечеме на парчиња, рамномерно го толчиме, го посолуваме и го зачинуваме со црн пипер.

Средината леб ја потопуваме во студено млеко и ја цедиме. Исцедената средина леб ја мешаме со згмечениот лук, сенфот, исечканиот магдонос или власец, за да добиеме хомогена смеса.

Со смесата ги премачкуваме филеата и врз нив ги ставаме парчињата Поли Хеми, парчињата кашкавал и ги виткаме во форма на увијачи.

Увијачите ги ставаме во садот за печење, премачкани со сончогледово масло. Врз увијачите по желба ставаме рузмарин или некој друг средоземен зачин, црн пипер и додаваме неколку капки сончогледово масло. Увијачите ги печеме 40 минути на 200 °C.

Што е тоа кашкавал?

Кашкавал е тврдо сирење, карактеристично за Балканскиот полуостров и јужна Италија. Обично се подготвува од мешавина од овчо и кравјо млеко.

 

Маја Бекиќ, Босна и Херцеговина